Де Хеа доби Златна ракавица, а Рој Кин го нападна: „Веднаш би го избркал од Манчестер јунајтед“

Манчестер јунајтед обезбеди учество во Лигата на шампионите за следната сезона и од клубот можат да бидат задоволни од оваа сезона. Голманот Давид де Хеа ја доби Златната ракавица за најдобар голман во Премиер лигата, но се шпекулира дека тој може да се пресели во Шпанија.

Тренерот на Јунајтед, Тен Хаг, сака да го задржи голманот.

„Веќе неколкупати кажав. Сакаме Давид да остане, а тоа го сака и самиот тој. Сигурен сум дека ќе биде постигнат договор“, рече тренерот на Манчестер јунајтед.

Сепак, ова не му се допаѓа на легендата на Манчестер јунајтед, Ирецот Рој Кин, кој смета дека шпанскиот голман не може да биде ниту резерва кај Црвените ѓаволи, а не пак да биде незаменлив помеѓу стативите.

„Манчестер јунајтед мора веднаш да се подобри во одбраната во однос на минатата сезона бидејќи беа многу лоши. Сите играчи на Јунајтед го тапкаат по грб Де Хеа… Лесно би се ослободил од него. Тој повеќе нема да биде голман во Манчестер. Играчите што го тапкаат по грб е смешно, па тоа е негова работа. Не, не би го задржал ниту како втор голман. Тој не би го сакал тоа и не би останал поради таа причина. Имаше неколку светли моменти, освои некои награди, но за мене тоа не е голема работа. Она што е важно е како му помага на тимот. Мислам дека направи премногу грешки во текот на годините. Се обиде да го напушти клубот пред неколку години и замина во Реал Мадрид, изјави славниот Ирец.

- Оглас -

Најнови вести