И Де Хеа го избегнува – Топката е посигурна во аут отколку во нозете на Мегваер (ВИДЕО)

Хари Мегваер има уште една очајна сезона во дресот на Манчестер јунајтед. Едноставно, дефанзивецот на секој натпревар има по една грешка којашто скапоцено го чини неговиот тим.

На средбата против Норвич беше директен виновник за израмнувањето од 2:2, но благодарение на Кристијано Роналдо, тимот од „Олд Трафорд“ дојде до драгоцена победа.

Од саботната средба против фенерџијата, се гледа како и Давид де Хеа во еден момент го избегнува Мегваер. Голманот добива топка од свој соиграч, се врти на едниот дел од теренот и го гледа токму Мегваер како е сам, за потоа да се сврти и да ја избие топката во аут.

- Оглас -

Најнови вести