Де Хеа ќе потпише договор вреден 126 милиони евра

Давид де Хеа наскоро се очекува да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед. Шпанскиот голман ќе добие астрономска плата, но и честа да ја носи капитенската лента.

Според Дејли Мејл, Де Хеа ќе потпише нов шестгодишен договор вреден 126 милиони евра. Тоа значи дека Де Хеа неделно ќе заработува дури 412.000 евра, со што ќе биед вториот најскапоплатен играч, веднаш зад Алекси Санчес.

Актуелниот договор на Де Хеа со Манчестер е до крајот на следното лето, а со новиот потпис, Шпанецот ќе ја потврди верноста кон клубот од „Олд Трафорд“, а риваите ќе останат само со пуста желба дека може да го добијат чуварот на мрежата како бесплатен играч во 2020 година.

 

- Оглас -

Најнови вести