Де Хеа во седум дена двапати го стигна Шмајхел

Давид де Хеа во вчерашниот триумф на Манчестер јунајтед од 2-0 против Кристал палас го израмни рекордот на легендарниот Петер Шмајхел во сочувани празни мрежи во Премиер лигата. Шпанецот стигна до 112-тата празна мрежа за Црвените ѓаволи во 311-тиот лигашки натпревар по седум дена откако му го урна рекордот за најмногу настапи.

Де Хеа минатата недела против Астон вила постави рекорд за голман со најмногу настапи за 20-кратниот англиски првак, вкупно 399, а го подобри на 401 настап за Ѓаволите од „Олд Трафорд“ во сите натпреварувања.

Ова е само потврда на квалитетот на некогашниот чувар на мрежата на Атлетико Мадрид, кој е во Манчестер од 2011 година.

- Оглас -

Најнови вести