Де ла Фуенте со неколку изненадувања на списокот на Шпанија за ЕП (Фото)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис де ла Фуенте, го објави списокот со повикани фудбалери за настап на Европското првенство во Германија. На поширокиот список се најдоа 29 фудбалери, а изненадувачки неколку имиња не се повикани.

Така во Германија нема да настапат Лукас Васкес, Ојхан Сансет, Пабло Сарабиа, Жерар Морено и Марко Асенсио, но затоа повикани се Ајосе Перес, Фермин, Алексис Гарсија и Алекс Баена.

Шпанија на Европското првенство е во групата на смртта со Хрватска, Италија и Албанија, додека пред почетокот на шампионатот ќе игра контролни дуели против Андора и Северна Ирска.

- Оглас -

Најнови вести