Де Лаурентис одлучил – Рино Гатузо чека промоција во Наполи

Џенаро Гатузо чека официјална промоција во нов тренер на Наполи, а Аурелио Де Лаурентис веќе одлучил да му врачи отказ на Карло Анчелоти и ќе го замени со некогашниот негов пулен од ерата на златното доба на Милан.

Италијанските медиуми блиски до Наполи веќе објавија дека договор е постигнат и популарниот Рино ќе му биде нов тренер на Елиф Елмас.

Со тоа Де Лаурентис ќе се обиде да ја стивне кризата во редовите на ланскиот вицешампион на Италија, а позната е кавгата меѓу него и сегашниот тренер, кој застана во одбрана на играчите.

Средбата меѓу сопственикот на Наполи и Гатузо требало да биде тајна, но откриено е дека двајцата се сретнале во Рим, денеска.

Гатузо ја почна тренерската кариера во Сион пред шест години, а беше и тренер на Палермо, грчки ОФИ, Пиза и Милан.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести