Де Лихт е слаб во Јувентус и, за чудо, сега е двапати поскап

Матијс де Лихт има отштетна клаузула од неверојатни 150 милиони евра и Јувентус објави дека цената нема да се намали за стоперот кој е бледа сенка од блескавиот талент што играше фантастично во Ајакс.

Јувентус го купи Де Лихт за 85 милиони евра минатото лето, а 20-годишниот дефанзивец ни одблизу не прикажува игри како во Ајакс, каде што беше капитен и со прекрасните настапи го привлече вниманието на европските гиганти.

Најбрз и најконкретен беше Јувентус и плати скапо за да го добие холандскиот репрезентативец. Де Лихт имаше многу киксови во мечевите од Серија А во „црно-белиот“ дрес, а не играше добро ниту во Лигата на шампионите за Јуве.

Сепак, во Торино веруваат во него и потврдија дека нема да има никаков попуст и секој клуб што ќе сака да го купи Де Лихт, ќе мора да ја плати цената од 150 милиони евра, колку што е отштетата предвидена со договорот што го потпишаа двете страни.

- Оглас -

Најнови вести