Де Лихт и официјално е нов играч на Јувентус!

Матајс де Лихт е претставен како нов играч на Јувентус. Еден од најталентираните млади фудбалери во Европа со италијанскиот првак потпиша договор до 2024 година.

Тинејџерот кој има само 19 години доаѓа од екипата на Ајакс, каде што блесна во минатата сезона и тоа беше доволно за повеќе европски гиганти да го посакаат во своите редови. Самиот играч се реши да замине во Јувентус.

Де Лихт е дете од академијата на Ајакс, клуб во кој помина 10 години покажувајќи го целиот свој талент. За трансферот на Холанѓанецот, Јувентус на Ајакс му плати 75 милиони евра.

https://twitter.com/juventusfcen/status/1151747123693727749

 

- Оглас -

Најнови вести