Де Лихт има доказ дека уште од детство навивал за Јувентус

Сите фудбалски идоли на Матајс Де Лихт биле Италијанци, а тој лично како дете обожувал да игра фудбал облечен во дрес на Јувентус. Ова младиот Холанѓанец го поткрепи со објавување на стара фотографија на која тој како дете навистина го носи црно-белиот дрес на Јуве, па не е како оние фудбалери кои каде и да одат, велат дека „секогаш сонувале да заиграат за тој клуб“.

„Секогаш сум им се восхитувал на италијанските дефанзивци. Мои идоли беа Неста, Малдини, Барези, Ширеа и Канаваро. Не ми беше лесна одлуката да потпишам за Јуве, имав и други опции, но мислам дека го повлеков најдобриот потег за мене. Разликата беше што луѓето од Јувентус навистина ми веруваа и искрено ме сакаа“ – рече Де Лихт кој десет години беше во Ајакс, од кои три во првиот тим.

- Оглас -

Најнови вести