Де Лихт не очекувал дека ќе биде резервист

Јувентус ја започна одбраната на титулата во Серија А со гостинскиот триумф од 1-0 против Парма. Старата дама на тој меч се појави со стандардните 11 играчи, додека новите засилувања Де Лихт, Рабио, Данило и Демирал беа резервисти (Ремзи не се најде на списокот за овој меч).

Од новите играчи, дебитираше само Рабио, кој влезе во игра во 63-тата минута на местото на Хедира. Де Лихт немаше потреба да стапи на теренот бидејќи Кјелини и Бонучи беа на ниво на задачата. Но, Холанѓанецот се изненадил од одлуката на тренерот Сари да го остави на клупата, очекувал веднаш да биде меѓу стартните 11.

„Нормално дека преферирам да играм секоја минута. Пред мечот не добив никакви инструкции дека ќе бидам резервист, така што не очекував да бидам на клупата. Но, мора да ја почитувам одлуката на тренерот. Динамичното дуо Кјелини-Бонучи важи за едно од најдобрите во светот во изминативе неколку години, па јасно ми е дека ќе мора многу да работам за да ја заслужам стартната позиција“, истакна Де Лихт по триумфот над Парма.

Следниот викенд Јувентус во Торино го пречекува вицешампионот Наполи, така што мали се шансите Де Лихт да ја добие довербата знаејќи за колку важно дерби станува збор. Ова е доказ дека огромната сума на трансферот на Де Лихт нема никакво значење, особено не во голем клуб како Јувентус, каде што сè се добива според заслуга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести