Де Лихт реши да прозбори: Барселона или Манчестер јунајтед?

Одличните игри во дресот на Ајакс во мечевите од Лигата на шампиони, направија Матајс де Лихт да биде еден од најпосакуваните млади играчи во Европа. Тинејџерот сигурно ќе си замине од Амстердам, но дилемата е дали кариерата ќе ја продолжи во Барселона, Манчестер јунајтед или некој трет клуб.

Барселона прва покажа интерес, но англискиот гигант се вмеша во трката за 19-годишниот дефанзивец. Околу целата оваа неизвесност, реши да проговори самиот Де Лихт.

„Каде се гледам себе си? Па, Премиер лигата е големо натпреварување, но истотака и во Шпанија се игра одличен фудбал. Но, има и други лиги, не се само тие две. Уште не знам точно што ќе правам со мојата иднина, но секако имам некои планови. Има интерес од некои клубови, но не сакам да ги кажам имињата. Засега сум фокусиран на националниот тим, а наскоро ќе видиме што ќе донесе иднината“, рече Де Лихт.

 

- Оглас -

Најнови вести