Де Рон ќе готви пица за цело Бергамо ако Аталанта го исполни европскиот сон

Мартен де Рон вети дека самиот ќе готви и ќе служи пица за илјадници луѓе во Бергамо ако Аталанта приреди голем подвиг и ја освои титулата во Лигата на шампионите. Холандскиот интернационалец потоа ќе ги повика сите граѓани на Бергамо, кој е еден од најнастраданите со корона-вирусот на журка ако италијанскиот клуб успее да стигне до Истанбул и победи во финалето.

„Ќе поставам огромна маса на централниот плоштад во градот и ќе правам и служам пица за илјадници граѓани. Потоа ќе одиме на журка и сите се поканети“, објави Де Рон на „Инстаграм“.

Аталанта е најпријатното изненадување во Лигата на шампионите и се пласира во четвртфиналето со две победи против Валенсија.

Продолжението на најквалитетното клупско натпреварување во Европа е најавено за во август, кога ќе се игра со забрзано темпо за да се стигне до финалниот меч во Истанбул предвиден за 29 август.

 

- Оглас -

Најнови вести