Де Роси нов селектор на младите Аѕури?

Додека репрезентацијата на Италија до 21 години го чека конечниот исход од групите на ЕП за млади за да дознае дали ќе игра во полуфиналето, федерацијата веќе подготвува замена за селекторот Џиџи Ди Бјаџо. Тие надовно се решени да му ја дадат довербата на Даниеле Де Роси, поранешниот капитен на Рома кој ова лето остана без клуб и е во потрага по нов ангажман.

Иако се најавуваше дека би можел да го облече дресот на аргентинска Бока јуниорс, односно Лос Анџелес во САД, понудата да биде селектор на младите Аѕури подолнително му одмогна на Де Роси да ја донесе конечната одлука.

Оваа понуда воедно е и шанса за Де Роси да се впушти во тренерските води, идеја која сака да ја реализира по завршувањето на кариерата, а можеби ќе се случи многу поскоро од планираното.

- Оглас -

Најнови вести