Деандре Џордан потпиша за Лејкерс, сега Езерџиите имаат деветтмина играчи постари од 30 години

Деандре Џордан го напушти ѕвездениот тим на Бруклин нетс и му се придружи на уште поѕвездениот Лос Анџелес лејкерс, кој сега има многу познати имиња во своите редови и дури деветмина ветерани со над 30 години (Џејмс, Хауард, Џордан, Ентони, Вестбрук, Ариза, Елингтон, Бејзмор и Рондо).

Џордан, кој има 33 години, во минатата сезона во Нетс имаше просек од 7,5 поени и 7,5 скокови за 22 минути по меч, а и во Лејкерс ќе има слична улога и минутажа, ќе биде трет центар во ротацијата. Се очекува стартен центар да биде Двајт Хауард, но и Ентони Дејвис ќе игра на центарската позиција по потреба.

Деандре Џордан од Бруклин требаше да премине во Детроит, но се откажа од поголема плата која би ја земал таму за да замине во Лејкерс, кој е прв фаворит на Западот. Доаѓањето на Џордан значи заминување на Марк Гасол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести