Дебакл и спектакл: Осум гола во најдолгиот меч во историјата на Мундијалите (Видео)

Англија на супериорен начин го почна својот настап на Светското првенство во Катар, поразен е Иран со 6-2.

Ова е само вторпат во историјата на Гордиот Албион да постигне шест голови на еден меч од Светско првенство. Пред четири години во Русија, против Панама победи со 6-1.

За Иран лошите работи почнаа со простест и отпорот кон химната, па повредата на голманот Алиреза Беиранванд, а гол-шоуто го отвори Џад Белингам, кој влезе во историјата и стана прв фудбалер роден во 2000 година или подоцна што постигнал гол на Мундијал.

Иран шест гола примил само уште во далечната 1950 година на пријателски меч против Турција.

За Белингам тоа беше прв гол за Англија. Два гола даде 21-годишниот Букајо Сака и стана најмладиот Англичанец што дал два гола на еден меч.

Петтиот гол на Маркус Рашфорд, исто така е вреден за споменување бидејќи на играчот на Манчестер јунајтед му требаа само 49 секунди по влегувањето во игра за да даде гол. Само двајца во историјата дале гол за пократко време по влегување на терен.

Ова беше најдолг меч на светските првенства, во двете полувремиња имаше над 10 минути судиско продолжување. За сите пет стрелци кај Англија, ова беа нивни први голови на мундијалите.

Погледнете го голот на Рашфорд:

https://twitter.com/i/status/1594702955466395649

- Оглас -

Најнови вести