Дебаклот стана спектакл – Навивачите за 12 денари го гледаа најубавиот меч, картите им станаа и Ковид пропусници

Од најавен дебакл за навивачите, кои требаа да го гледаат само првото полувреме на дербито во Романија меѓу Универзитатеа и ФЦСБ, мечот се претвори во вистински спекаткл за сите што присуствуваа на драмата на „Јон Облеменко“ во Крајова.

Мечот заврши со победа на гостите од Букурешт со 3:2, со гол во 91. минута што го постигна Кордеа.

Владата на Романија неодамна донесе одлука присуство на стадионите да биде дозволено само до 21 часот, а проблем беше што раководството на Универзитатеа во договор со романската фудбалска федерација го помести мечот од 19.30 за 20.15.

Тоа ќе значеше дека навивачите ќе можат да го гледаат само првото полувреме и потоа ќе мора да си заминат дома.

Но, проработе разумот и мечот беше вратен 15 минути порано од првобитниот термин од 19.30 часот, а влезниците останаа со иста цена, само 0.20 евра, односно околу 12-13 денари.

Дозволениот капацитет беше 30 посто, а сите што беа присутни видоа вистински фудбалски спектакл и веројатно најубавиот меч сезонава во Романија.

Иван со гол во 13. минута и донесе предност на Универзитатеа, но потоа Думитер и Сут со голови во 16. и во 39. минута направија пресврт.

Студентите од Крајова ги израдуваа навивачите со израмнување на 2:2, а голот го постигна Георге, но Кордеа го имаше последниот збор и со погодок во 91. минута и донесе победа на Стеауа, односно на ФЦСБ, како што сега се вика гигантот од Букурешт.

Мечот заврши по 21 часот, а навувачите добија уште еден попуст и влезниците им важеа како Ковид пропусници за да стасаат дома по предвидениот термин до 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести