Конгоанскиот ракометар Готје Мвумби, кој е главна ѕвезда на СП во Египет благодарение на неговиот изглед и прекумерната тежина, на дуелот против Аргентина даде 4 гола и тоа од четири шута. Во напад е непогрешлив, но враќањето во одбрана му е проблем и затоа во првото коло играше само 11 минути.
Официјално, според сајтот на ИХФ, Мвумби има само 89 килограми, а реалноста е дека има 40-тина повеќе. Од неговиот клуб велат дека има 110 килограми, но и тоа не делува веродостојно.
Тежината му пречи брзо да се враќа во одбрана после нереализиран напад. Додека Мвумби да се врати во одбрана, Аргентина напаѓаше со човек повеќе и даде гол во оваа ситуација.
Partido complicado para Argentina en su debut mundialista en Egipto: Congo está siendo un rival más difícil de lo esperado y pierde 14-13. El pivote Gauthier Mvumbi Thierry es uno de los jugadores destacados de los africanos en ataque. Imparable para la defensa albiceleste. pic.twitter.com/eiiI3SwHHp
— Matías Baldo (@matiasbaldo) January 15, 2021