Деби гол на Несторовски за Асколи недоволен за победа (Видео)

Репрезентативецот на Македонија, Илија Несторовски, го постигна својот деби погодок за екипата на Асколи во италијанската Серија Б. Нашиот фудбалер прецизно биеше со глава во четвртата минута од судиското продолжение на првото полувреме и донесе водство на Асколи од 1-0 против Сампдорија.

Сепак, голот на Несторовски не беше доволен за победа, бидејќи гостите од Џенова израмнија на 1-1 во 51-вата минута од пенал преку Борини, што на крајот се покажа дека тоа е и конечниот резултат на натпреварот.

 

 

- Оглас -

Најнови вести