Деби гол за Хесе, Бетис триумфално мина низ Виго

Хесе Родригес беше прецизен во 83. минута и со неговиот деби гол во дресот на Бетис, гостите од Севилја ја победија Селта во Виго со 1:0.

Хесе беше прецизен во финишот, а акцијата за победничкиот гол на Бетис одеше на прегледување со ВАР системот. По консултации со своите помошници во ВАР собата судијата Фернадес покажа на центарот, а гостите ги однесоа бодовите.

Бетис се проби на шесттото место во Ла Лига со 39 бодови и е на позиција што носи квалификации за настап во Европа Лигата, додека Селта остана на едно место над зоната за испаѓање со 25 бодови.

- Оглас -

Најнови вести