Деби од соништата на Емери на клупата на Астон Вила, за 11 минути неговите фудбалери му дадоа два гола на Јунајтед

Фудбалерите на Астон Вила по само 11 минути игра имаат водство од 2:0 против Манчестер јунатед во мечот од 15-то коло во Премиер лигата.

Астон Вила која ја презеде Шпанецот Унаи Емери, поведе уште во седмата минута преку Леон Бејли, а само четири минути подоцна, нов шок за Црвените ѓаволи бидејќи Лукас Дињ зголеми на 2:0.

Играчите на Астон Вила во првиот меч под палката на Емери кој го наследи Стивен Џерард, играат одлични 25 минути против Манчестер јунајтед, доминираат на теренот и создаваат шанси од кои досега постигнаа два гола.

- Оглас -

Најнови вести