Дедо Кармона е капитен на 60 години, игра фудбал неверојатни 45 сезони за 40 различни клубови (Фото)

Роберт Кармона е фудбалски феномен и убедливо најстариот играч што сè уште настапува активно.

Уругваецот има точно 60 години, а веќе ја почна 45-тата сезона како фудбалер без прекин и играше за околу 40 клубови.

Сега е капитен на уругвајскиот четвртолигаш Депортиво Хаселе и, за жал, загуби на стартот од натпреварувањето со 3:1 од Унион Сан Хозе.

Кармона е веќе член на Гинисовата книга со рекорди како највозрасен активен фудбалер на сите времиња.

- Оглас -

Најнови вести