Дефанзивец му ја донесе победата на Манчестер јунајтед над Вулверхемптон (Видео)

Манчестер јунајтед со минимални 1:0 го совлада одличниот тим на Вулверхемтон во последниот натпревар од првото коло во Премиер лигата.

Голот вреден три бода го постигна Рафаел Варан во 76-тата минута. Голот на Варан може да го видите на следниот ЛИНК.

Волците имаат за што да жалат бидејќи беа подобар тим на „Олд Трафорд“. Во првото полувреме имаа две одлични шанси преку Куња, но двапати топката заврши покрај голот на Онана.

Црвените ѓаволи во првото полувреме беа оштетени за пенал бидејќи судијата Хукер не покажа на белата точка откако топката која ја упати Рашфорд го погоди во раката Семедо.

И во второто полувреме, Волците имаа неколку шанси за гол, но шутевите на Куња и Нето ги одбрани Онана.

- Оглас -

Најнови вести