Дефанзивец си даде автогол во манир на расен стрелец (ВИДЕО)

Томаш Немчик од екипата на Жилина си постигна автогол во манир на расен стрелец.

Дефанзивецот на овој тим, на мечот против Слован Братислава, кој заврши со резултат 2:2, во четртата минута од само неколку метри го погоди самиот агол од сопствената мрежа, а голманот можеше само да ја проследи топката беспомошно.

Овој меч беше своевидно дерби бидејќи и двете екипи се наоѓаат во самиот врв од словачкиот шампионат, а ваквиот потег на Немчик можеше многу да го чини неговиот тим, кој, сепак, успеа да се соземе и да дојде до бод.

- Оглас -

Најнови вести