Дефанзивецот на Интер е во проблеми, неспортскиот потег ќе го чини неиграње на неколку натпревари

Фудбалерите на Интер со голема победа си заминаа од Рим откако ја победија Рома со 2-4, а на следните неколку натпревари веројатно ќе мора да играат без дефанзивецот Франческо Ачерби.

Тој во 17-тата минута постигна погодок за водство од 0-1, но при прославата, покажа среден прст кон навивачите на Рома, а сето тоа беше забележано од камерите, па сега е покрената дисциплинска постапка против него и му се заканува суспензија од неколку меча неиграње поради овој неспортски потег.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести