Дефанзивецот на Марсеј добива смртни закани поради повредата на Сон

Шансел Мбемба, дефанзивецот на Олимпик Марсеј, се соочува со сериозни закани по натпреварот со Тотенхем, на кој по еден воздушен дуел тешко го повреди еден од најдобрите фудбалери на Петлите и на репрезентацијата на Јужна Кореја, Сон Хеунг-мин.

Сон доживеа вистински нокаут по еден воздушен дуел со Мбемба, по што падна на тревата и лежеше сè додека не пристигнаа лекарите на Тотенхем.

Подоцна е утврдено дека Кореецот има скршеница на коските на лицето околу левото око и дека ќе мора да оди на операција. Тоа значи дека Сон најверојатно ќе го пропушти Светското првенство во Катар, кое започнува на 20 ноември и ќе трае до 18 декември. Првиот натпревар на неговата репрезентација е закажан за 24 ноември против Уругвај.

Поради повредата, буквално збеснаа навивачите во Јужна Кореја и преку интернет му упатија илјадници заканувачки пораки на Мбемба во кои му посакуваат смрт, да умре во агонија.

Сон досега одигра 106 натпревари за репрезентацијата на Јужна Кореја и постигна 35 гола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести