Дефинитивно малкумина би го направиле ова, фер плеј потег на годината (Видео)

Прекрасен гест направи украинскиот фудбалер Денис Кожанов, кој на пријателски меч помеѓу неговиот Волин и Лвов намерно утна пенал затоа што сметаше дека судијата погрешил што покажал на белата точка во полза на екипата за која игра Кожанов.

Ова се случи при резултат 2-1 за Лвов. И покрај негативата на неговиот тим, Кожанов не сакаше да изедначи и да шутне во голот по подарен пенал. Тој намерно шутна неколку метри покрај голот, за што доби заслужени аплаузи од публиката, но и од играчите кои беа на терен.

https://twitter.com/i/status/1152683665769582596

- Оглас -

Најнови вести