Дејан Станковиќ си поднесе оставка во Сампдорија!

Дејан Станковиќ до раководството на Сампдорија поднел оставка после поразот од Фиорентина со 5-0. Се очекува одлуката на раководството на клубот дали ќе ја прифати оставка или ќе ја отфрли.

– “Ако јас сум проблемот, нема проблем, го профаќам тоа со достоинство и гордост. Дадов се од себе и не жалам за ништо, истото би го направил уште стопати. Не ги обвинувајте играчите, овие 5-0 се мои. Да разговараме за тоа.“ – изјави србинот после поразот од Фиорентина.

Дејан Станковиќ на клупата на Сампдорија седна минатиот октомври и ги водеше на 26 натпревари, на кои забележа само 4 победи, 6 нерешени и 16 порази. Сампдорија е последна во Серија А со 10 бодови помалку од сигурната зона и после 12 години ќе се пресели во Серија Б.

- Оглас -

Најнови вести