Дејвис: Против Елверум одиме на победа, ќе игра и Додиќ

Вардар 1961 нема големи резултатски мотиви во задутрешниот меч со норвешкиот Елверум. Што и да се случи во „Јане Сандански“, Вардарци ќе бидат петти во групата и во осминафиналето на Лигата на шампионите ќе играат со Веспрем, но тренерот Давид Дејвис најавува дека Црвено-црните ќе одат на победа.

На Елверум победата му треба за да се пласира во осминафиналето на ЛШ, место за кое се бори со ППД Загреб.

„Мора да продолжиме со работа, иако сигурно сме петто место, овој за нас е важен меч. Елверум игра добро на гости, станува збор за добар противник кому му требаат бодови, а за нас е шанса да видиме до каде сме. Мора да играме на победа. Имаме многу играчи во ротација. Ќе видиме кој од новите ќе се вклопи во системот. Анте Гаџа се враќа и можеби ќе игра, а Додиќ веќе некое време тренира со нас и ќе настапи со Елверум. Ние одиме на победа, без разлика кој ќе игра“, изјави Дејвис.

Мечот Вардар – Елверум е закажан за в среда, во 20.45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ и со тоа Вардар ја завршува групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести