Дејвис со ретко видена доминација му донесе брејк на Лејкерс против шампионот (Видео)

Лос Анџелес лејкерс го совлада шампионот Голден стејт вориорс со 117:112 во првиот натпревар од конференциското полуфинале во Западната конференција и тоа благодарене на Ентони Дејвис, кој одигра натпревар за паметење.

Интересно е што во последните осум години една од овие две екипи играла во големото финале, но сега за првпат од 1991 година играат меѓу себе во плејофот.

Ентони Дејвис со 30 поени и 23 скока стана првиот кошаркар на Лејкерси кој од 2004, и Шекил О`Нил во натпревар од плејофот, имал учинок од барем 30 поени и 20 скокови, на кои им придодаде и 5 асистенции и 4 блокади.

Освен Дејвис, големи заслуги за триумфот имаат и Деанџело Расел и Леброн Џејмс, кои погодија за Лејкерс во последната минута, додека на спротивната страна, трагичар е Џордан Пул, кој двапати шутираше непрецизно во последните секунди откако неговиот тим во последната четвртина успеа да надомести негатива од 14 поени.

Покрај Дејвис, добра партија прикажа и Леброн Џејмс со 22 постигнати поени, додека кај Голден стејт, Стеф Кари даде 27, а Клеј Томпсон 25 поени. Вториот натпревар ќе се игра во ноќта помеѓу среда и четврток.

Њујорк никс славеше во вториот меч од полуфиналната серија на Истокот против Мајами хит со 111:105 и спречи втор брејк за Жешките. Херој на Њујорк е Џејлен Брансон, кој постигна 30 поени и се извади за слабиот прв натпревар.

Мајами настапи без првата ѕвезда на екипата, Џими Батлер. Покрај Брансон, добра партија одиграа и Џулиус Рендл со 25 и Ар Џеј Берет со 24 поени, додека на спротивната страна најпрецизен беше Гејб Винсент.

- Оглас -

Најнови вести