Деклан Рајс го смени менаџерот, Челзи е најсреќен

Деклан Рајс го смени менаџерот, од почетокот на идната година неговиот татко ќе му биде агент и застапник во понатамошната кариера, а најсреќен од потегот на англискиот репрезентативец е Челзи.

Познато е дека Рајс сениор е голем навивач на Челзи и има дури и сезонски билет за натпреварите на Сините од „Стемфорд бриџ“, па во Англија веќе речиси никој и нема дилеми каде Деклан ќе ја продолжи кариерата.

Вест Хем му понуди нов договор на играчот за врска, но Рајс сака да игра за клуб што има амбиции за титулата во Премиер лигата, но и во Лигата на шампионите, а токму таков е Челзи.

Втората причина за евентуалното враќање на „Стемфорд бриџ“ на 21-годишниот играч на Чеканите е големото пријателство со Мејсон Маунт.

Двајцата ја почнаа кариерата во младинската Академија на Челзи и се нераздвојни другари од детството и голем потенцијал на англискиот фудбал и на репрезентацијата на Гордиот Албион.

 

 

- Оглас -

Најнови вести