23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Дел Пјеро си купи фудбалски клуб

Еден од најдобрите фудбалери во италијанскиот фудбал во последниве 30 години, Алесандро дел Пјеро си купи фудбалски клуб во САД. Некогашниот капитен на Јувентус и италијанската репрезентација стана газда на ФК ЛА10. Тоа е помал клуб кој е од Лос Анџелес, а игра во пониските лиги во САД.

„За мене фудбалот е страст. Тоа е нешто што најмногу го сакам, да имам фудбалски клуб. Повторно да ја почувствувам страста. Уште летоска решив да станам газда на мал клуб кој се наоѓа во Лос Анџелес. Во партнерство со ЕДГЕ Американ спортс, каде што сум косопственик заедно со мојот бизнис-партнер Џефри Волтон. Сега решив да ви ја откријам таа тајна. Клубот се вика ЛА 10 и нашите бои се бела, црна, сива“, информираше Дел Пјеро.

 

- Оглас -

Најнови вести