Дел Потро едвај го скроти Нишиока

Хуан Мартин дел Потро едвај се пласира во третото коло на Ролан Гарос и во максимални пет сета го победи расположениот Јапонец Јошихито Нишиока.

Дел Потро е деветти носител, а веднаш на стартот имаше негатива од еден сет. Нишиока најави изненадување, но Аргентинецот потоа поведе со 2:1 и најави дека првиот сет бил само момент на слабост. Јапонецот пак доби сет, израмни на 2:2 и го принуди Аргентинецот неочекувано да игра пет сета.

Сепак, квалитетот на еден од фаворитите на турнирот дојде до израз и во финишот, па Дел Потро го доби последниот сет со 6:2 и ќе игра со Австралиецот Томпсон за пласман во осминафиналето.

Во уште еден интересен меч и француско дерби Монфис го победи Манарино со 3:0.

 

- Оглас -

Најнови вести