Дели мислеше дека е Мињоле, го разигра Манчестер јунајтед со глупав потег (Видео)

Симон Дели ја презеде улогата на Симон Мињоле и со парада го одбрани голот на Бриж во 23-тата минута, но по глупавиот потег, заслужено доби црвен картон, а Бриж доживеа вистински дебакл на „Олд Трафорд“.

Гостите од Белгија беа инфериорни со 10-мина играчи на теренот и загубија со 5:0 од Манчестер јунајтед, што значи и елиминација за нив во Лигата на Европа.

Бруно Фернадеш постигна водечки гол од пеналот што беше досуден за Црвените ѓаволи, а потоа и Одион Игало запиша дебитантски погодок за домаќините. Голеадата на домаќините ја продолжи Мек Томинеј за 3:0 по првиот дел, а ја заврши Фред со два гола за убедливи 5:0.

Манчестер јунајтед славеше со вкупен резултат од 6:1 и ќе ја чека ждрепката за осминафиналето во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести