Делии и Гробари се скршија од тепање пред вечното дерби, тројца завршија во болница (Видео)

Делии и Гробари имаа жесток судри на еден час пред стартот на вечното дерби меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан што се одигра денеска од 18 часот и заврши без победник и без голови.

Две големи групи на навивачи од двете страни масовно се тепаа во близина на Маракана, каде се играше 162. вечно српско дерби.

Има и повредени, а тројца од нив завршија и во болница. Тепачката како што информираат српските медиуми траела околу една минута, а потоа полицијата со реакција ги смири страстите.

- Оглас -

Најнови вести