Дембеле објасни зошто имаше девет гола на ПСЖ – Баерн Минхен

Можеби најдобриот меч во историјата на Лигата на шампионите се одигра синоќа во Париз, на „Паркот на принцовите“, а на крајот Пари Сен Жермен со 5:4 го победи Баерн Минхен во првиот дуел од полуфиналето. Една од ѕвездите на средбата беше напаѓачот на ПСЖ, Усман Дембеле, кој постигна два гола од петте гола за домаќините.

Дембеле изјави дека Светците се задоволни од резултатот против Баерн Минхен, иако можело да биде и подобро. Францускиот репрезентативец објасни зошто имало дури девет погодоци.

„Се сретнавме со два тима кои се стремат да нападнат и не се сомневаат во себе. Ова е полуфинале на Лигата на шампионите. Знаеме дека Баерн е врвен тим, како и ние. Задоволни сме од резултатот, иако имавме водство од три гола на 5-2. На крајот малку престанавме да играме. Беше неверојатен натпревар, а сега одиме во Минхен со надеж дека ќе победиме за да се пласираме во финалето“, вели освојувачот на Златната топка.

На прашањето дали очекува сличен натпревар во реваншот, Дембеле немаше дилеми: „Да, ние сме два тима кои сакаат да напаѓаат. Нема да ја менуваме нашата филозофија. Сакаме да напаѓаме, исто како што прават тие, па мислам дека нè очекува уште еден одличен дуел“.

- Оглас -

Најнови вести