Демирал прв Турчин дефанзивец кој постигнал гол во Серија А

Сасуоло го разби Киево со 4-0 и за првпат по 26 јануари извојува победа на натпревар од Серија А, а најголема причина за радост имаше Мерих Демирал, кој стана прв Турчин кој игра одбрана и постигнал гол во италијанското првенство.

Не еден, туку Демирал даде два гола (двата со глава), а првиот во четвртата минута е најбрзиот гол за Сасуоло во оваа сезона. Кога го даде вториот гол, Демирал стана прв странски дефанзивец во последните четири и пол години кој постигнал два гола на еден меч во Серија А.

Киево, кој во следната сезона ќе игра во Серија Б, во финишот утна пенал и пропушти прилика малку да го ублажи поразот. Четирите гола беа постигнати до 57-мата минута.

- Оглас -

Најнови вести