Ден пред почетокот на 16-тото коло: Ајнтрахт, Фрајбург и Вест хем се сигурици за викендов

Остануваат уште нешто повеќе од 24 часа до почетокот на новото, 16-то коло од бесплатната игра на Sport Life, Спортската прогноза. Тоа значи дека доколку се уште не сте ги одиграле вашите типови, тоа треба да го сторите најдоцна до утре во 15:30 часот кога започнува првиот натпревар, обој помеѓу Дармштад и Ајнтрахт Франкфурт.

Токму на овој натпревар има интересна ситуација, а тоа е високиот процент, односно најголем дел од играчите на Спортската прогноза фаворитската улога му ја препуштаат на гостинот, Ајнтрахт Франкфурт. Процентот за победа на гостите е 84.81 што воедно е и највисок процент од сите натпревари.

Сигурица за викендов е и победата на Фрајбург над Хофенхајм, за кого се одлучија дури 75.58% од играчите на најпопуларната бесплатна игра, Спортската прогноза.

Слично е и на дуелот помеѓу Шефилд јунајтед и Вест хем, каде гостите се големи фаворити со процент од дури 76.42.

За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување на примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести