Денес ќе има голови: Коефициенти помеѓу 2.40 и 2.55 во Квотите на денот на Sport Life (Фото)

Пет натпревари од квалификациите за Европското првенство во Германија се дел од Квотите на денот на Sport Life. Сите квоти се големи и се движат помеѓу 2.40 и 2.55, а вкупно прават одличен тикет со квота од 88.1.

На репрезентацијата на Чешка потребна ѝ е победа против Молдавија за пласман на Европското првенство, а понудената квота од 2.55 ќе биде добитна доколку Чесите постигнат најмалку еден погодок во првото полувреме и на целиот натпревар вкупно најмалку три.

Данска е веќе пласирана на Европското првенство, но како голем фаворит патува во Северна Ирска. Квотата од 2.40 ќе биде добитна ако Данска не загуби, но и ако има голови во двете мрежи.

На Словенија потребен ѝ е најмалку бод против Казахстан на домашен терен за пласман на континенталниот собир. Понудената квота за овој натпревар е 2.40 и ќе биде добитна само ако Словенија не загуби, но и ако на мечот бидат постигнати најмалку три погодоци.

Украина и Италија во меѓусебен дуел ќе решаваат кој ќе се пласира на Европското првенство. Очекувањата се дека двете репрезентации ќе одиграат ефикасен натпревар со голови на двете страни, а квотата од 2.50 ќе биде добитна само ако дуелот заврши „гол-гол“, но со голови во двете полувремиња.

Последниот натпревар во понудата е оној најинтересниот за нас денес. Македонија во Скопје ја пречекува Англија, се надеваме дека ќе дојдеме до поволен резултат, но понудената квота од 2.40 ќе биде добитна само ако вечерва двајцата голмани ја вадат топката од својата мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести