Освен Роналдо, на овој датум се родени и Нејмар, Тевес, Ериксон, Хаџи…

Кристијано Роналдо денеска напони 35 години, а Португалецот покажува дека годините за него се само бројка. Роналдо блеска во дресот на Јувентус, а тоа го покажуваат и бројките. На последните девет мечеви во Серија А, Роналдо даде дури 14 погодоци, а противниците немоќно го гледаат шоуто на ѕвездата на Старата дама.

Постигнувањата на Роналдо во изминативе 15-тина години се неверојатни и дефинитивно тој е играч кој засекогаш ќе се памти во фудбалот. Знаејќи дека е единствениот човек на планетава што има над 200 милиони следбеници на социјалните мрежи, можеби и нема човек кој ќе добие повеќе роденденски честитки.

Сепак, 5 февруари не е ден на кој од фудбалските ѕвезди роденден слави само Кристијано Роналдо. Тоа е ден на којшто се родени можеби и најмногу познати фудбалери. Денес е денот кога роденден слави и Нејмар. Фудбалерот кој го држи најголемиот транфер во историјата на фудбалот полни 28 години. Бразилецот уште за викендот направи прослава на роденденот, но денеска и официјално е постар за една година.

Меѓу роденденските славеници на 5 февруари е и Карлос Тевес. Аргентинецот е една година постар од Роналдо и полни 36 години. Тевес ја доигрува сезоната во дресот на Бока јуниорс, а во кариерата играше за европските гиганти Манчестер јунајтед и Јувентус, а беше играч и во Манчестер сити и Вест хем.

Од оние фудбалери за кои вреди да се одбележи дека се родени на 5 февруари сигурно има место и за некогашната романска легенда Ѓорѓе Хаџи, кој полни 55 години, Ведран Чорлука слави 34-ти роденден, Џовани ван Бронхорст е роден пред 45 години, а Родриго Паласио полни 38 години. На 5 февруари се родени и  несудената ѕвезда на Манчестер јунајтед Аднан Јанузај (25), Џордан Родес (30), Били Шарп (34), а најстар меѓу сите познати славеници фудбалери на 5 февруари е некогашниот селектор на Англија, Свен-Јоран Ериксон, кој полни 72 години.

- Оглас -

Најнови вести