Денешни фаворити на прогнозерите се Хрватите, но и Холанѓаните и Словенците

Шест погодени фиксови според вашите фаворити од денешната понуда на Спортската прогноза во ова десетто коло, може да ви донесе одлична добивка. Вкупната квота во обложувалниците на Sport Life за шесте средби е 72,6.

Возбудувањата започнуваат во 15 часот со дуелот на Велс и Словачка. Повеќе од 62 проценти од прогнозерите кои учествуваа во ова коло, а ги имаше нешто помалку од 500, сметаа дека домашните ќе победат. Само 11 проценти се за двојка. Коефициентот за единица во Sport Life е 2.10.

Потоа од 18 часот играат соседите Унгарија и Хрватска, како и дуелот од групата во која е Македонија, а тоа е Израел – Австрија. За мечот во Унгарија, за вас нема дилеми, „коцкестите“ ќе триумфираат. Дури 83,2 отсто од прогнозерите ставиле двојка, а само осуммина (1,62 проценти) веруваат во изненадувачки триумф на домашните. Двојката за Хрватска е во квота 1.80 што воопшто не е мал коефициент за толку голем фаворит.

За мечот во Израел мислењата се нешто поподелени, но тука предност им се дава на гостите. Само 15 проценти од прогнозерите мислат дека ќе победи Израел, а во победа на Австрија веруваат 43,6 проценти, додека 40 отсто се за реми. Квотата за двојката е привлечни 2.40.

Од вечерната програма од 20.45 часот, во понудата на Спортска прогноза има три меча. Според огромното мнозинство прогнозери (80,6 проценти), Северна Ирска ќе ја победи Белорусија. Ако уплатите кец на овој меч во Sport Life, квотата е 1.75.

Можеби по малку и изненадувачки, само една четвртина од прогнозерите типувале на победа на Германија кај Холандија и на Македонија кај Словенија. Победа на Холандија очекуваат 40,6 отсто, а на Словенија 41,6 проценти од прогнозерите. Единицата за Холандија е 2.50, додека за Словенија е 1.83.

Кога ќе се соберат коефициентите на шесте денешни мечеви според најголемиот број на добиени гласови, може да се направи тикет кој ќе има вкупен коефициент од 72,6.

 

- Оглас -

Најнови вести