Денешниот датум најавува нова европска титула за Манчестер јунајтед

Гери Невил објави интересен податок околу денешниот датум, 26 мај, што се поврзува со вечерното финале во Лигата на Европа против Вилјареал.

Имено, на денешен ден во 1909 година е роден Сер Мет Базби, легендарниот менаџер на Црвените ѓаволи кој им донесе пет титули во Англија, два трофеи во ФА Купот, како и најзначајната прва титула во Лигата на шампионите во сезоната 1967/68.

Точно 90 години подоцна, на 26 мај 1999 година, Манчестер ја комплетираше триплетата во драматичниот триумф над Баерн Минхен со 2-1 во самата завршница од финалето во ЛШ кое се играше на „Камп ноу“.

Судбината сакаше на истиот датум 22 години подоцна, Јунајтед да се бори за нов европски пехар, оној во Лигата на Европа, кој би бил втор за Црвените ѓаволи откако претходниот го освоија во сезоната 2016/17.

- Оглас -

Најнови вести