Денеска е денот за куп финалиња во Шпанија, Германија, Португалија, Шкотска…

Првенствата во најголем дел од Европа веќе се завршени и се познати шампионите. Сепак, во дел од фубалскиот свет останува една дилема, кој ќе биде освојувач на Купот. Денеска е ден како создаден за финални мечеви во Куповите. Вечерва треба да бидат познати освојувачите на Куп трофеите во Шпанија, Германија, Португалија, Шкотска… Интересно е тоа што во три од овие четири земји може да имаме освојувачи на двојната круна.

Во Севилја се игра шпанското финале, а противник на Барселона ќе им биде Валенсија. Барселона е актуелен освојувал на трофејот во Купот, но и рекордер со 30 титули досега во Копа дел Реј. Уште 10 пати, каталонскиот гигант играл во финалето и губел.

Валенсија од 2008 година чека да се израдува на титула во Купот. „Лилјаците“ досега седум пати биле шампиони, а девет дуели ги губеле во финалето. И вечерва Барселона е фаворит, но резултатите од два та меча сезонава, покажува дека може да биде интересно. Сезонава во двата меча на овие екипи беше нерешено (1:1, 2:2).

На „Олимпискиот стадион“ во Берлин, Баерн Минхен ќе игра против Лајпциг во финалето на Купот на Германија, додека Селтик ќе игра против Хартс, во обид да стигн до двојна круна. Во Португалија не може да се случи да има радост за двојна круна, затоа што Бенфика е шампион, а во финалето на Купот ќе играат Спортинг и Порто.

 

- Оглас -

Најнови вести