Денеска го стаса легендарниот Џузепе Меаца, а Фиорентина за него има точна формула 30+40= 70 милиони евра

Душан Влаховиќ го постигна 30-от гол во 2021 година на 40 натпревари и Фиорентина има интересна математика и за него бара 70 милиони отштета.

Договорот на српскиот ас истекува во 2023 година, а објави дека нема да продолжи за Фиорентина и цената постојано му расте.

Сега е на котата 70, а со голот од пенал против Болоња за победа на Фиорентина од 3:2, денеска го израмни рекордот на три легенди во Италија, меѓу нив и славниот Џузепе Меаца.

Влаховиќ е само четвртиот фудбалер во Италија што пред да наполни 22 години успеал во иста година да постигне најмалку 30 голови.

Со него друштво му прават и Меаца, Борел и Ангелило. Влаховиќ е прв стрелец во Серија А со 13 голови, или речиси половина од 27 колку што вкупно досега постигна целиот тим на Фиорентина.

Интерес за првиот стрелец во Серија А има од многу екипи, а во преден план се Манчестер сити, Јувентус и Атлетико Мадрид.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести