Денеска играат двата најголеми фаворити за титулата во Лига Европа

Манчестер јунајтед и Интер се двата најсериозни кандидати за титула во Лига Европа, барем според квотите во Sport Lifе. До вечерва во 18.55 часот можете да типувате кој ќе го освои трофејот, а квотите ги фаворизираат Црвените ѓаволи од Манчестер и Нераѕурите од Милано.

Квотата за титула на Јунајтед е 3.40. Овој тим може да се смета за четвртфиналист, бидејќи на вечерашниот реванш дома против ЛАСК Линц, брани огромна предност од 5-0. Од друга страна, Интер во Гелзенкирхен треба да игра осминафинален меч со Хетафе и дуелот е елиминациски, без реванш. Дека Интер ќе ја освои ЛЕ, квотата е 4.50.

Баер Леверкузен е трети фаворит, со квота 5.50, па следуваат Вулверхемптон со 8 и во ова натпреварување секогаш опасната Севилја со 8.50. За Рома и Хетафе квотата е 15. Најмали шанси им се даваат на ЛАСК (коефициент 900) и шкотски Ренџерс (коефициент 500) кои ги загубија првите мечеви дома и би требало да испаднат во осминафиналната фаза.

- Оглас -

Најнови вести