Денеска има меч кој „мириса“ на 7+

Куресаре – Номе Калју (18 ч.)

Ова е како измислен меч за гостите. Куресаре е тим кој има кошмар во дуелите со Номе Калју. Традицијата вели дека на 19 од последните 20 меѓусебни дуели, Номе Калју завршувал како победник, а еднаш било 0:0.

За тоа дека се работи за целосна доминација, потврдува и фактот дека на последните 12 средби на овие клубови, Номе Калју има постигнато дури 47 голови, односно речиси по четири на меч. Убедлива и лесна победа на гостите треба да е конечниот биланс по завршувањето на 90-те минути и на оваа средба.

Предлог тип: 2-2 & 4+ (2.95)

 

Легион – Левадија (18 ч.)

Левадија е тим кој секогаш е претендент за висок пласман на табелата. Ланскиот вицепрвак стартуваше со минимална победа од 1:0 во првото коло, а Легион, кој до лани играше во втората лига, искрено не би требало да е ривал кој може да направи изненадување.

Можеби делува малку чудно, но Левадија на последните девет меча што ги одигра (најголем дел беа пријателски), немаше меч на кој даде повеќе од еден гол, што само покажува за проблемот со ефикасноста. Сепак, по оваа двомесечна пауза, тој проблем може и да е решен, а дуел против екипа која до пред неколку месеци била во втората лига е најдобар тест за тоа.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.64)

 

Паиде – Тулевик (18:30 ч.)

Ако денеска не треба да има дилема околу тоа кој ќе победи, ова е средбата. Домаќините се апсолутни фаворити за освојување на трите бодови. Пред два месеци, во првото коло од естонската лига Паиде одигра неверојатен меч на гости и славеше со 8:1, а дека тоа не било случајност, ќе се обидат да потврдат и денеска.

Би било убаво на овој меч и да се ризикува малку повеќе и да се брка максималната граница на погодоци, односно да има барем седум голови.

Предлог тип: 7+ (5.40)

 

Гвадалупе – Лимон (23 ч.)

Костарика заедно со Белорусија се единствените две земји во кои фудбалот не прекина за време на двомесечната пандемија од корона-вирусот. Гвадалупе  е тимот со најдобрата одбрана на домашен терен, па во седум меча прими само три гола.

Лимон е екипа од долниот дел од табелата и не би требало да направи изненадување.

Предлог тип: 1Х&2-4 (1.80)

 

- Оглас -

Најнови вести