Денеска ќе биде ден со доминација на домашните екипи

2806 Силкеборг – Сондерјуске (19 ч.)

Последен меч од првото коло на данското првенство. Силкеборг минатата сезона заврши како втор, а гостите беа во долниот дел од табелата, па јасно е кој е фаворит за победа.

Тоа што е карактеристично е дека шест од последните седум меча на овие два тима завршуваат многу ефикасно. Дури пет пати било гол-гол 4+, а само еднаш не испаднало ГГ3+, што е доволен знак дека може да очекуваме возбудувања.

Предлог тип: ГГ3+ (2.07)

 

2705 КТП – Хака (17:30 ч.)

Дуел на две од трите најслаби екипи по првите 11 кола во Финска. КТП е на дното со само шест бода, а Хака освои два бода повеќе. На свој терен КТП во пет меча четири пати загуби и само еднаш одигра нерешено. Хака е тим против кој реално може да се надеваат на освојување на бодови, па домаќините сигурно нема да дозволат повторно со наведнати глави да заминат од свој терен.

Предлог тип: 1Х&1-3 (2.75)

 

2704 Интер Турку – ХИФК (17:30 ч.)

Ако се погледне традицијата на овие два ривали, Интер Турку едноставно не знае за пораз против ХИФК. Во последните 14 меѓусебни дуели, Интер има 10 победи и четири нерешени, а ХИФК последен пат има победено во октомври 2015 година.

И сезонава Интер Турку има поквалитетен тим, а и фактот дека игра на домашен терен му дава за право да очекува три бода од овој меч. Во ова првенство Интер одигра шест меча дома и има пет победи и само едно реми, но факт е и дека ХИФК нема пораз сезонава на гости (две победи и три нерешени).

Предлог тип: 1&T1 2+ (2.34) – Квота на денот во Sport Life

 

2867 Динамо Букурешт – Волунтари (19:30 ч.)

Во првото коло од романското првенство играат две екипи кои едвај се спасија од испаѓање минатата сезона. Динамо Букурешт има три победи и едно реми во последните четири меча против Волунтери и сега на свој терен сигурно нема да загуби.

Ако се знае дека се работи за две екипи со послаб квалитет, не би требало да се очекуваат многу голови.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.35)

 

2607 Дјургарден – Сириус (19 ч.)

Нема дилема дека домаќините ќе ги освојат трите бода на овој меч. Дјургарден е тим кој се бори за првото место и има само еден пораз во 10 меча сезонава. Сириус е екипата со третата најслаба одбрана од 16 клуба, па освен „кец“, треба да очекуваме и погодоци.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.75)

 

- Оглас -

Најнови вести