Интересна сабота – Само во Македонија и во Англија премиерите се со дерби меѓу лидерот и шампионот

Само во Македонија и во Англија денеска ќе има две исклучително интересни ситуации и дерби мечеви меѓу моменталниот лидер на табелата и актуелниот шампион.

Мерсисајд дербито во Ливерпул, меѓу Евертон и Ливерпул ќе се игра од 13.30 часот, а еден час подоцна ќе почне нашето дерби меѓу Вардар и Шкендија.

Секако македонското во знакот на „црвено-црните“ бои е со поскромна традиција и ќе се игра по 61. пат, но е многу значајно и за двете екипи.

Шампионот Вардар е домаќин на националната арена „Тодор Проески“ и ќе се обиде да ја прекине незгодната серија против Шкендија од 12 меча по ред без победа.

Актуелниот лидер на табелата по 8 кола во моментов е многу помоќен од Вардар и има многу подобра и постабилна финансиска ситуација и поквалитетен ростер, но во вакви дерби дуели нема фаворит.

Скопските „црвено-црни“ заостануваат за 7 бода зад Шкендија, некако успеаа во преодниот рок да скрпат солиден тим и ќе тргнат во победнички поход за намалување на негативата во однос на лидерот и за продор кон горниот дел на табелата.

Моментно со 11 бодови Вардар е на осмата позиција во конкуренција на 12 екипи, што е лош пласман за 12-кратниот првак. Шкендија е на врвот со 18 бодови и е единствената екипа во домашното првенство што се уште нема пораз во досегашните 8 кола.

 

 

- Оглас -

Најнови вести