Денеска нема да има тикет без „двојка“ на Македонија

(6051) Грузија – Македонија (18ч)

Сонот денес може да стане јаве, евентуален триумф на Македонија ќе значи историски пласман на Европското првенство. Тука на сила стапува вербата во нашите репрезентативци. Колку и да биде типот навивачки одигран, познат е квалитетот на репрезентацијата која ја води Игор Ангеловски, па сосема логичен е облогот во корист на Македонија.

Апсолутно никаква улога немаат претходните две средби против Грузија, кои се одвиваа во рамките од овосезонското издание во Лигата на нациите. Тие две средби завршија со идентични 1-1, како во Тбилиси, така и во Скопје. Нашата репрезентација повторно се наоѓа во главниот град на противникот, да се победи на нивно тло е уште еден плус за нас, а ќе биде голема тага за Грузијците.

Ќе ни биде тешко без еден од клучните играчи Енис Барди, меѓутоа кој и да ја преземе неговата улога, со сигурност ќе го даде максимумот за да се оствари целта. Она што најмногу нè охрабрува е фактот што во составот го имаме Горан Пандев, кој за Грузијците важи за фудбалска величина.

Предлог тип: 2 (3.05)

 

(6751) Унгарија – Исланд (20:45)

Исланѓаните важат за тврда селекција, иако од септември наваму четирипати беа поразени, а само еднаш победија. Во повеќе наврати имаат покажано дека може да се надигруваат и со најсилните селекции, па сега нивната цел е да обезбедат второ во низа учество на континенталниот собир.

Во 21 век, Унгарија и Исланд петпати ги одмерија силите, а последен пат беше во групната фаза на ЕП 2016, кога ремизираа при конечни 1-1, додека пак Унгарците ги добија останатите четири средби. Унгарија моментално е во подобра форма, со три победи и по еден пораз и реми во последните пет меча.

Со оглед на тоа дека мечот е од голема важност, се очекува тактизирање од двете страни, поважно е да не се прими гол, односно патникот на ЕП да се одлучи со минимален исход.

Предлог тип: 1X & 0-3 (1.97)

 

(6752) Северна Ирска – Словачка (20:45ч)

На ист начин Северна Ирска и Словачка се најдоа во финалето од плејофот, победуваа преку пенал-рулет против БиХ, односно Ирска. Тоа може да биде најава дека и вечерва со иста тактика ќе се бара пласманот на Европското првенство.

Во вкупно три меѓусебни дуели кои ги одиграле овие репрезентации, Словачка има подобар скор со две победи и реми, во кои прими само еден гол. Можеби фаворитската улога им е доделна на Северноирците поради тоа што играат на домашен терен, но квалитетот е на страната на Словачка, која располага со голем број интернационалци од топ 5 лигите.

Предлог тип: X (2.85)

 

(6750) Србија – Шкотска (20:45ч)

Србија како самостојна држава немала своја селекција на Европско првенство. Последно учество им беше во 2000 година како тогашна Југославија, што значи дека две децении нашиот северен сосед чека фудбалски претставник на континенталната сцена.

Орлите сега се најдоа во позиција како никогаш досега да се појават на Европското првенство, дополнителна сила за триумф против Шкотска е што ќе играат на домашен терен во Белград.

Од светските квалификации за СП 2014, Србија и Шкотска чекаат на меѓусебен дуел. Тој двомеч заврши во полза на Србите со 2-0 дома и реми без голови на гости. Сепак, треба да се има предвид дека Шкотска во последните осум меча издвоија шест победи и две ремија, додека пак Србија нема триумф во 2020 година ако пеналите против Норвешка се сметаат за службено реми.

Предлог тип: 1X & 2>1 (2.50)

 

(6722) Англија – Ирска (21ч)

Загревањето пред новиот циклус во Лигата на нациите е добар начин за селекорот Саутгејт да им даде шанса на помладите играчи кои во иднина треба да бидат носители на Гордиот Албион. Против Ирска треба да се оправда фаворитската улога, иако Англичаните последен пат против оваа репрезентација се радуваа во далечната 1980 година.

Ирска триумфираше осум години подоцна, а од 1988 година па досега, сите пет дуели завршија без победник, од кои последната конторлка беше без голови, додека четирите средби претходно се одиграа со идентични 1-1.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.30)

- Оглас -

Најнови вести