Денеска уште поубедливо ќе го победиме Израел

Македонската ракометна репрезентација денеска од 18 часот против Израел ќе го игра последниот контролен меч пред настапот на Европското првенство. Македонија вчера славеше над Израел со 31:28, а според квотите и „границите“ во Sport Life, денеска може да очекуваме уште поубедлива победа.

Нашите најдобри ракометари од почетокот на подготовките двапати го победија Кувајт, а вчера беа подобри и од Израел. Селекторот Кирил Лазаров ги испробува сите потребни варијанти во нападот и одбраната, па селекцијата би требало да биде подготвена за континенталнит собир кој ќе биде во Унгарија и Словачка од 13 до 30 јануари.

Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Данска, а натпреварите ќе ги играме во унгарскиот град Дебрецин. Првопласираните две од групата ќе продолжат во следната фаза.

- Оглас -

Најнови вести