Денеска во Дебрецин е денот Д за македонските ракометари, и Црногорците ја гледаат шансата

Уште при ждрепката за составот на групите на Европското ракометно првенство, некако се наметна мислењето дека победата над Црна Гора е задолжителна, и дека македонската репрезентација не смее да киксира на овој меч.

И Црногорците кои беа надиграни од Данска на стартот, против нас ја гледаат шансата да победат некого на ова ЕП, па во третото коло евентуално да ја изненадат Словенија и да одат понатаму.

Плус за Црвено-жолтите е приклучувањето на голманот Николче Митревски, тој еуфорично беше пречекан во хотелот, атмосферата во тимот е одлична, поразот од Словенија е заборавен, целиот фокус е насочен на дуелот против Црногорците.

И Црна Гора е засилена, им се врати селекторот Зоран Рогановиќ, тој ќе го води тимот, и средбата ја најавуваат како финале.

„Мечот со Македонија е како финале за нас. Мислам дека ќе одлучува одбраната. Македонија има квалитет, ако им ја спречиме транзицијата, може да се надеваме на добар резултат“ – вели Филип Вујовиќ.

Помошникот Мрваљевиќ рече дека Македонија е противник против кој не е лесно тактички да се подготви натпревар.

- Оглас -

Најнови вести